Кривична пријава против директорот и петмина вработени во Зоолошката градина

by fokus

Од МВР информираат дека ќе биде поднесена кривична пријава против директорот на Зоолошката градина и уште петмина вработени.

-Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош вчера во 18 часот, привеле пет лица, и тоа Д.М.(25), А.М.(43), М.Х.(45), В.Г.(46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З.Р.(44), надворешен соработник.

Оттаму појаснуваат дека вчера биле приведени пријавените.

-При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, информираа денеска од МВР, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.

Лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К.С.(35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор. На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото. Од страна на СВР Скопје против сите шест лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, се наведува во соопштението од МВР.

Поврзани новости