405
Полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против малолетник од Кичево роден 2003 година поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“,
– Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 31 мај до 12 јуни оваа година употребувајќи подесен предмет со кој ги отворил вратите на една сендвичара, еден ресторан и две продавници лоцирани во централното градско подрачје во Кичево. По пребарување во внатрешноста, малолетникот одземал пари, патики, таблет и други поситни предмети, информира портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски.