Кривичен суд за сообраќајката кај „Млечниот ресторан“: Неетички е да се коментира неправосилна пресуда, кој може да биде преиначена во делот на казната

by fokus

Од Кривичниот суд преку соопштение ја информираат јавноста дека не смеат да ја коментираат пресудата за сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“, за да не и наштетат на евентуалната жалбена постапка пред повисокиот суд.

-Во однос на пресудата со К.бр. 488/20 поврзана со сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“ Основниот кривичен суд Скопје, се со цел да не нашетети на евентуалната жалбена постапка на која имаат право незадоволните страни, не може и не смее да коментира првостепена- неправосилна пресуда.

Целсно неетеички е во јавноста од одредени субјекти да се коментира и злоупотребува првостепена-неправосилна пресуда која во иднина може да биде преиначена во делот на казната, а непрофесионално и незаконски би било судот да коментира пресуда на судија поединец кој е независен во своето постапување, велат од судот.

Оттамну додаваат дека, сепак поради јавниот интерес, споделиле детали за предметот.

-Но, заради јавниот интерес и транспарентно и отчетно работење за кое се залага судот, ја информираме јавноста дека според фактите изнесени на јавна расправа, станува збор за кривично правен – предмет за кој Јавниот обвинител утврдил дека постојат сомневања за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по чл. 300 ст.4 вв со чл.297 ст.3 вв со ст.1 односно сторено од Небрежност, а не со умисла.

На главната расправа 63 – годишниот обвинети В.Ч. ја признал вината, а Судот, заради тоа, не навлегувајќи во утврдување на фактичката состојба и врз основа на сите олеснителни и отежителни околности изрекол осудителна пресуда. Притоа оштетените биле присутни при изведување на завршните зборови и изрекување на пресудата.

Врз основа на сето горе наведено, јавноста мора да знае дека судот постапува по обвинителни предлози и акти доставени од истрага и квалификација која ја води и утврдува Јавниот обвинител и носи пресуди во рамки на пропишаните казни во Кривичниот законик, притоа водејќи сметка на сите околности. Судот во ваков случај не може да смени или прекфалифкува кривично дело ниту може да излезе од рамките на пропшишаната казна.

Пресудата откако ќе биде писмено изработена и доставена до странките ќе биде анонимизрана и објавена на веб странцата на судот, а странките кои се незадоволни може да ги искористат сите правни механизми за да ја оспорат.

Наместо коментари и кфалификации на првостепена-неправосилна пресуда, екпертстаката и стручната јавност потребно е да се осврне на оредбите од Кривичниот законик и висината на пропишаните казни со кои се регулираат оваа проблематика, велат од Кривичниот суд.

Поврзани новости