Кривичен суд: Поротникот од „27 април“ се повлече поради здравствени причини

by fokus

Откако се појави информацијата дека судија поротник во предметот „27 Април“ поднел оставка во Судечкиот совет, бидејќи наводно не се согласувал со досудените затворски казни, со реакција се јавија од Кривичниот суд.

-Во однос на повеќе новинарски прашња и натписи поврзани со еден од судиите -поротници кои беа дел од судечкиот совет со кој претседава судијата Добрила Кацарска, како суд ги демантираме сите објавени шпекулации и ја информираме јавноста  дека поротникот самиот побарал од Судскиот совет да биде разрешен од функцијата судија – поротник, а истиот повлекувањето од функцијата го најави уште од претходно и тоа заради здравствени причини, но останал се до донесување на првостепената пресуда за предметот поврзан со настаните од 27 април се со цел да не наштети на постапката.

Во однос на другите постапки кои се водат пред истиот судечки совет, ја информираме јавноста дека предметите, заради промена на советот, формално се почнати од почеток и  не само што се доведени во фазата во која биле претходно, туку се и во понапредна фаза со оглед да на претходните расправи се изведени нови докази и соослушани нови сведоци. Па затоа оваа промена на советот не претставува никаква пречка во понатамошната постапка нити причина за одолговлекување на предметите, се вели во соопштенито на судот.

Поврзани новости