Кривичен пресуди – 20 години затвор за Љ.К. од Стајковци кој ги уби снаата и братот

by Fokus

Врз основа на поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје и по спроведена судска постапка, Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда со која Љ.К. од Стајковци го огласи за виновен и го осуди на казна затвор од 20 години за сторени две кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје во јули годинава поднесе Обвинителен акт со кој обвинетиот го товареше дека на свиреп начин и при вршење семејно насилство на 14.05.2024 година со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и снаата за другиот брат со кои имале претходно нарушени односи.

По вербална расправија, тој со метална шипка која ја носел со себе започнал најпрво да ја удира жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала.

Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи му смртоносни повреди.

Поврзани новости