701
Основниот суд Скопје 1 преку соопштение информира дека досега не е донесена ниту една одлука за евентуално укинување или преиначување на претходно определените мерки за обвинетите во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во „Империја“ меѓу обвинетите се Орце Камчев, Сашо Мијалков и Цветан Панделевски за кои, според пишувањата во медиумите, од страна на СЈО е побарано мерката притвор да се замени со куќен притвор. Од СЈО засега нема потврда на веста.