Крива макарона

by Фокус

Се шпекулира дека зад сцената се кроело хорор сценарио за опстанок на оксиморонската Социјалдуистичка коалиција и по поразот на 8-ми мај, преку формирање на хибридна „влада за национална пропаст“.  Разбира се, како пред седумгодини –  со хокус-покус  далавера и поддршка од меѓународните камшикари.

Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Ачик е јасна и недвосмислена работата! Врти-сучи, има-нема, треба- не треба, властодршците не прекинуваат со логореичниот нагон на мантрата ЕУ, па ЕУ!

Како контрапункт, според Светската банка Македонија е на дното на Европа, а „Фридом Хаус“ ја категоризира како „цикличен хибрид“ во однос на правната држава и борбата против корупцијата.

Систем на спречување клучни реформи со аздис на статус кво партократските кланови СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со константата- трабант ДУИ.

Истовремено, Стејт департментот во стилот „сети се снао“, дискретно дава ишарет за употребата на името Македонија во изборната кампања на некои кандидати, односно потсетува на извршната наредба на американскиот претседател, Џо Бајден, за санкционирање со ставање на црна листа на актерите кои не гоодржуваат духот на Преспанскиот и Охридскиот договор.

Од трета страна, со т.н француски предлог со бугарски диктат, продолжува уценувањето со внесување на бугарската заедница како државотворен народ во Преамбулата на македонскиот Устав, како услов за пристапни преговори за членство во ЕУ.

Конечно, се шпекулира дека зад сцената се кроело хорор сценарио за опстанок на оксиморонската Социјалдуистичка коалиција и по поразот на 8-ми мај, преку формирање на хибридна „влада за национална пропаст“.

Разбира се, како пред седумгодини –  со хокус-покус  далавера и поддршка од меѓународните камшикари.

ДИЛОРИЕНТИД“ ГЛОДАРИ

Во овој контекст, индикативен е аберот од Калето дека се е можно, па и уставни измени пред составувањето на новата влада.

Од сите страни Македонија сардисана! Партиски скакулци и измеќари евроатлантски откако ја зграпчија власта, раскрчмија и разнебитија се.

„Дилориентид“ глодари сторија „гола држава“ во т.н. субрегион Западен Балкан. Со лажна самодоверба, алчност и страубален идиотизам, предизвикаа тешки трауми за македонската држава и народ.

Оксиморонската коалиција ќе ја избавувале македонската држава, за која уплав ги фаќа да го изговорат името и народот за кој се пазарат  дали е „искуствен“ или „естествен“.

Завалиите непремено бараат уставни промени под бугарски диктат, проповедајќи дека само така нивната „Наша земја“ до 2030 година ќе била член на европското семејство.

Аљази и џамбази ќе го затворале „македонското прашање“. Со редефинирање и креирање на вазална држава, според проектот Bigreset, преводен од САД и ЕУ. Држава која по Втората светска војна доби државност во рамките на федерација, а во 1990-те и самостојност.

По 45-годишно интермецо, почна операционализацијата со декларации, спогодби и договори, со цел да се трансформира во „Швајцарија на Балканот“ како држава на национални заедници.

Истовремено, на внатрешен план, цели триесет и кусур години креираат два паралелни процеси со системски деформации: неоврховизмот како подаништво на политичката номенклатура и апартхејдот со владеење на малцинството над мнозинството, во кој мандатот за Влада наместо претседателот на државата, го дава „Горскиот штаб“ во Мала Речица.

ХИСТЕРИЧЕН АБЕР

Во име на таквата кауза, ја ставија во гето, криејќи одлука потпишана од 25 земји членки на ЕУ, со која им се овозможува на македонските граѓани да патуваат со пасошите на Република Македонија до септември годинава.

Праќаат завалиите хистеричен абер до народот рајатински дека државата не ја бива, па итно требале губернатори со камшици и негователки за памперс пелени. Инсистираат насушно неопходен Меѓународен борд од САД, ЕУ и НАТО, со кој ќе „филтрираат“ антируски ликови и издаваат сертификати за подобност на вршење јавни функции.

Кибритчискиот концепт е „првин членство во ЕУ, а потоа реформи“, наместо обратно.

Не можелa нивната „Наша земја“  да биде правна и некорумпирана држава додека не влезе во ЕУ. Нема трте-мрте, „европски фронт“ за европска иднина!

Веруваат во ваква делузија, затоа што се надеваат дека евроатлантските „стратешки партнери“ и „осведочени пријатели“ и по парламентарните избори на 8-ми мај, ќе функционираат според сегашниот рецепт на алијас Аца Антиќ „како и досега“!

Свесно го игнорираат идниот модел на европската иднина: ЕУ премиер лига, со плус некоја нова членка доколку ги исполни критериумите и второлигаши во Европска политичка заедница од аутсајдери.

Во превод, додека владеат аљази и џамбази, кои наместо суштински само декларативно се европејци, Македонија ќе ја гледа ЕУ преку „крива макарона“!

Поврзани новости