Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во Куманово уапсиле жител на скопското село Студеничани за криумчарење мигранти од Сирија.
„Вчера во 17.50 часот во Куманово на место викано ‘Света Мина’ од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти. Тој управувајќи возило „ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија“, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека за настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.