Критики на вчерашниот Централен одбор на СДСМ

by Фокус

Во дискусиите на вчерашниот Централен одбор секако дека имаше критика, рече пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска

-За тоа и се залагаме во партијата. Ако во партијата не се слуша критика, партијата нема да ги слуша критиките од јавноста, а тоа е лошо – рече Петровска на Утрински брифинг.

Таа посочи дека во јавноста се коментира дека целото членство на СДСМ не беше ангажирано за време на локалните избори, што, според неа, веројатно е клучниот момент.

-Дискусии секогаш може да има кој на која страна е приклонет. Шпекулации се дека ќе бидам иден министер за правда, сѐ додека мандатарот не одлучи така – рече Петровска.

Таа додаде дека Димитар Ковачевски не го познавала многу од порано, но, како што рече, сега имала време подобро да го запознае.

Поврзани новости