Критична состојбата на тројца од хоспитализираните на Скопските клиники

by fokus

Во критична состојба се тројца од осумте пациенти кои се лекуваат на Хируршките клиники во Скопје, кои беа повредени во вчерашната автобуска сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово кај село Ласкарци.

Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани изјави дека еден од тројцата пациентипредмалку е префрлен од ГОБ „8 Септември“ со тешки повреди на градниот кош, што ќе треба да се  санираат.

Се преземаат мерки за стабилизирање на состојбата и на двајцата други критични пациенти,  девојка и маж на кој неколкупати му е опериран градниот кош.

– Тој е со сериозно крварење и  кај него неколкупати е интервенирано и реинтервенирано.  Во тешка состојба е, го следиме будно ако треба ќе интервенираме повторно. Во доста тешка состојба е и младата девојка, со лекарставата што ги прима постепено се стабилизира, но сепак е во животнозагрозувачка состојба, изјави Хасани.

Тој нагласи дека двајца од досега примените 10 пациенти во комплексот клиники во Скопје се пуштени на домашно лекување, а кај другите пет повредени состојбата е стабилна.

Покрај тројцата пациенти на Хируршките клиники, во критична состојба се уште двајца од хоспотализираните во ГОБ „8 Септември“.

Во несреќата во која загинаа 14 лица,  вкупно беа повредени 37 лица.

Поврзани новости