Кристина Димитри ќе ја освојува Србија: Дали сакаш Македонки?

by Fokus

Поранешниот модел, а од пред неколку години и пејачка, Кристина Димитри, ќе го освојува српскиот музички пазар. Таа го промовираше дуетот со Гастоз, песна насловена „Македонки” во која прашува – Дали сакаш Македонки, со музика и аранжман на Дарко Димитров.

Стиховите се заеднички на Кристина и Дарко, а зад видео записот стои Дарко Јовановски.

Младата пејачка веќе гостувала во една од најпопуларните емисии во Србија – Амиџи шоу, кај водителот Огнен Амиџиќ, и не крие дека српската сцена и е предизвик.

Таа и стана позната на јавноста уште како средношколка, кога се појави на модната сцена и учествуваше на повеќе избори за убавина.

Потоа се омажи за поп пејачот Даниел Кајмакоски, добија син, по што се повлече од јавниот живот. По разводот со Кајмакоски пред неколку години, повторно се врати на моделството, а започна и музичка кариера.

Веќе сними неколку авторски песни и има редовни настапи во клубови низ земјава.

И Кајмакоски се обидува да ја гради својата музичка кариера во Србија. Тој живее во Белград со новата сопруга со која неодамна добија син.

Вики Клинчарова

Поврзани новости