Кристина Арнаудова ограбена на државна клиника

by fokus 15:56
15:56

Поп пејачката Кристина Арнаудова вчера била ограбена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, додека ја сместувала во соба нејзината болна баба. На Арнаудова и била одземена чантата во која освен пари и документи, имало, како што вели, и нејзини спомени.

„Вчера додека бев на државна клиника, и ја сместувавме мојата болна бабичка во соба, ми беа украдени ташната која внатре имаше телефон бел Samsung Note 4 со скршен екран (значи скоро да нема вредност), црвен голем новчаник , внатре имаше околу 9000 денари, и еден куп картици, лична карта и милион спомени…Два пара наочари, Toxit и Celine…Ако некој налета на нив, ве молам нека ме контактира во порака. Кој и да ги земал, слободно нека ги земе парите, наочарите, се што мисли дека му е вредно…само нека ми ги врати спомените, кои навистина ми значат….Ќе го наградам плус!!!“, напиша Арнаудова на својот фејсбук профил.

- Advertisements -

Поврзани новости