Кристина Арнаудова ќе ја отвори манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

by fokus

Поп пејачката, Кристина Арнаудова, ќе ја отвори овогодинешната манифестација „10 дена Крушевска Република“. Овој културен настан се одржува секоја година од 1-ви до 10- август и манифестација на која преку музика, поезија и проза, театар, храна и друго ја илустрира културата и историското наследство на градот, но и не враќа назад во времето, се до 19-ти и 20-ти век.

Оваа манифестација исто така го илустрира мултиетничкиот живот и различностите на граѓаните на општина Крушево и Македонија и претставува еден обединувачки настан кој спојува различности и повикува на заедништво.

За оваа година се планира проширување на програмата, нејзиното модернизирање и подготовка за наредните години која ќе овозможи манифестацијата да привлекува поголем број на туристи.

Поврзани новости