923
Кристијано Роналдо на својот инстаграм – профил ја објави првата семејна фотографија по веста за смртта на новородениот син.
„Доме, слатки доме. Гио и нашето девојче конечно се со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови. Вашата поддршка е многу важна за нас и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот што штотуку го дочекавме“, напиша тој.
Роналдо и Георгина Родригез станаа родители на мало девојче, но нејзиниот брат близнак не го преживеа породувањето.