1.2K
Напаѓачот на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо е позитивен на корона вирус.
Сега фудбалерот ќе мора да оди во самоизолација и ќе го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Шведска закажан за утре.
Исто така, тој мора да ги пропушти следните натпревари за Јувентус – со Кротоне во италијанскиот шампионат (17 октомври) и со Динамо Киев во Лигата на шампионите (20 октомври).