Во родната Португалија во 2004 година постигна два гола, еден даде во 2008 година, а три погодоци имаше во 2012 година. Следуваа уште три на ЕП во 2016 година, додека на последниот европски турнир постигна 5 голови.
Португалскиот ас Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на европските првенства со вкупно 14 голови, кои ги постигна на 5 континентални шампионати.
На второ место е легендарниот француски фудбалер Мишел Платини, кој сите свои 9 голови ги постигна на Европското првенство во Франција во 1984 година, каде „триколорите“ ја освоија титулата победувајќи ја Шпанија со 2-0 во финалето.
На третото место се поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер и Французинот Антоан Гризман со по 7 голови.
Следуваат Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, Португалецот Нуно Гомеш, Белгиецот Ромелу Лукаку, Холанѓаните Патрик Клајверт и Руд ван Нистелрој, Французинот Тиери Анри, Англичанецот Вејн Руни и Шпанецот Алваро Мората со по 6 гола.