Кристијано Роналдо доби часовник од 120.000 евра, колекцијата посветена на неговата кариера

by Fokus

Компанијата „Jacob & Co“ создаде часовници кои се како временска линија на важни моменти од кариерата на Кристијано Роналдо. Најевтиниот е 30.000, а најскапиот е 150.000 евра и е обложен со дијаманти. Часовникот „Heart of CR7 Baguette“, кој го доби Роналдо, се проценува дека вреди околу 120.000 евра и е еден од четирите модели од колекцијата.

Роналдо (38) се почесто се лути на теренот, но надвор од теренот не може да се пожали на третманот во Саудиска Арабија. Вчера тој стана сопственик на нов луксузен рачен часовник, кој му го подари „Jacob & Co“ пред претставувањето на новата колекција.

На часовникот е прославен голот со потписот на Роналдо, а рамката е украсена со бели дијаманти.

Сепак, тој модел не е најскап во новата колекција бидејќи „Flight of CR7 Baguette“ вреди околу 150.000 евра. На тој часовник, тие го илустрираа скокот и ударот со глава на Роналдо за Реал против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите во 2013 година.

Останатите два часовници од таа колекција вредат околу 60 или 30 илјади евра, а причина за колекцијата беше отворањето на првата продавница на тој производител на часовници во Саудиска Арабија.

„Саудијците имаат око за луксуз и квалитет, поради што отворивме бутик во Ријад и сме подготвени да им понудиме нешто невидено“ изјави Џејкоб Арабо, основачот на компанијата.

Штом пристигна во Ал-Наср, Роналдо доби златен часовник вреден 650.000 евра.

Поврзани новости