41
Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа соопшти дека генералната директорка Кристалина Георгиева доби уште еден мандат.
Вториот петгодишен мандат на Георгиева беше потврден со консензус.
Новиот мандат на Георгиева (70), која беше единствената кандидатка, ќе почне на 1 октомври, на крајот на нејзиниот досегашен мандат.