„Крис Рок за градоначалник на Центар“, напиша поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски, споделувајќи ја фотографијата од синоќешното доделување на Оскари, кога актерот Вил Смит му удри шлаканица на колегата Крис Рок, откако тој ја исмеа неговата сопруга.
Истата фотографија ја сподели и поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, кој, пак, напиша: „Шамар не е кривично…“.
Имено, тие алудираат на „бомбите“ во кои поранешниот премиер Никола Груевски му вели на екс министерот Миле Јанакиевски дека некој треба да му врзе неколку шамари на тогашниот центарски градоначалник Жерновски за да му дојде памет.
Притоа, Груевски вели дека за шамари не се одговара кривично, туку прекршочно.
Тоа се случуваше во време кога се организираа протести пред општината поради наводен отпор на локалната власт за изградба на црква во центарот на градот.