Крис Павловски го пофали говорот на Мицкоски:„Еден од најдобрите лидери во Европа“

by Fokus

Основач и сопственик на платформата „Rumble“ и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и дел од тимот на Трамп, Крис Павлевски го пофали говорот на македонскиот премиер Христијан Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон.

„Еден од најдобрите лидери во Европа и еден од единствените момци кои ракоплескаа на говорот на Џеј Ди Венс минатата недела во Германија“, напиша Павловски на Х.

Коментирајќи ги изјавите на некои од присутните дека говорот на Џеј Ди Венс бил мешање во внатрешните работи на суверени земји, Мицкоски рече дека на панел дискусија во Минхен потсетил на фактот дека од почетокот на независноста, заради остварување на стратешките цели да биде полноправна членка на НАТО и на ЕУ, Македонија ги смени своето знаме, својата валута, своето име и својот Устав, поради тоа што некои наши соседи го злоупотребиле своето членство во овие организации за да наметнат билатерални барања.

– Ако ова не е мешање во внатрешни работи на една суверена земја, тогаш што е? За што зборуваме ние? – праша Мицкоски.

Поврзани новости