Криминалците од ДУИ реагираат за Андоновска затоа што спречи криминал во ИЈЗ кој се правел 15 години, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Криминалците се криминалци, а ДУИ тоа го покажува секој ден, па и во реакцијата кон директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска која отворено се бори против затекнатиот братски криминал на ДУИ и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес тие реагираат против директорката Марија Андоновска која спречи и исправи членови на ДУИ и СДС да седат дома, не одат на работа, а земаат плата. ДУИ реагира затоа што е ставен крај на криминалот кој се правел во оваа институција, со која 15 години раководел кадар на ДУИ.

Денес криминалците од ДУИ реагираат зошто директорката на Институт за јавно здравје Марија Андоновска го зголеми обемот на работа, ги зајакна протоколите и ги затвори одливите на средства наместо членовите на ДУИ и СДС вдомени во таа институција да се однесуваат недомаќински и криминално.

Денес криминалците од ДУИ реагираат не поради тоа што им е грижа за состојбата со Албанците туку затоа што има вонреден инспекциски надзор и затоа што вработената администрација не полагала административен испит, а законски требала“ наведуваат од владејачката партија.

Оттаму додаваат дека секогаш кога ДУИ реагира јавноста треба да знае дека штити криминал.

„И секогаш кога ДУИ реагира јавноста треба да знае дека оправдувањето со кое го покрива криминалот е нивната наводна загриженост за правата на Албанците. И кога тие зборуваат за дискриминација на Албанците знаете дека тогаш најмногу крадат. Со други зборови, криминалци се криминалци, лопови прва класа. За потсетување тоа е партијата каде Артан Груби е сè уште член“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости