720
Професорката Мирјана Најечвска, ја критикува денешната одлука на Апелација да ја одложи седницата за предметот „Титаник 2“ со што застари обвинението против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој се товареше за противзаконито влијание за време на изборите во 2013 година.
„Секој од судиите кои учествуваа во застарувањето на овој и сите други случаи на високи функционери е криминалец на исто рамниште со Мијалков.
Се додека не се ослободиме од овие судии нема да можеме да мрднеме од дното.
И секој висок функционер кој ќе спомне дека работи на владеење на правото и воспоставување на правната држава е криминалец кој шурува со Мијалков.
Од прв до последен“, напиша Најчевска на фејсбук.