452
Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев објави дека Црноморската флота одбила напад со беспилотни летала на надворешното сидро на Севастопол при што едно летало било соборено.
-Денеска, со почеток во 3 часот и 30 минути, беше извршен обид за напад на Севастопол. Досега, едното беспилотно летало беше уништено од противподморничките одбранбени сили за диверзија, другото самото експлодираше. Сè се случи на надворешното сидро на Севастопол и немаше делови кои беа оштетени. Во моментов во градот е мирно, но сите сили и служби се во готовност, напиша Развозаев на Телеграм.
Севастопол, исто како и целиот украинскиот полуостров Крим беше анектиран од Русија во 2014 година.