Крилото на Села предложи нови министри, ќе ги разреши ли собранието Меџити и Алиу?

by Fokus

Продолжува неизвесноста и мерењето на силите во двата табора во Алијанса за Албанците. Крилото на Зијадин Села предложи двајца нови министри на местото на Меџити и Алиу, иако тие се уште не се разрешени.

На нивно место од управниот совет на алијанса ги предлагаат Илир Демири и Наим Бајрами. Предлогот за разрешување на актуелните министри за здравство и за информатичко општество е стигнато во владата, но не е познато дали и кога предлогот ќе биде испратен до собранието. Лидерот на партијата Таравари за вечерва најави Централно собрание како контра одговор на собранието закажано од Села за в сабота. Тој на фејсбук само кусо напиша – „Алијанса за Албанците се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја.“

Министерот за здравство се опростува на брифинг.

Меџити вели дека ДУИ и Груби ги штити партиските интереси, а не интересите на граѓаните.

Поврзани новости