427
Припадници на МВР во Нови Сад ја уапсија М.Ф.(59) од Бачка Паланка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, пишува српски Курир.
Кога полицијата го пребарала нејзиниот стан, открила хероин и апчиња од списокот со психоактивни супстанци скриени во векни леб.
Кај неа била пронајдена и поголема сума на пари за која постои сомнение дека е набавена со продажба на наркотици.
На М.Ф и е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведена кај повисок јавен обвинител во Нови Сад.