Министерот за правда Кренар Лога на своја иницијатива се сретна со шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази
Од Министерството соопштија дека на средбатата меѓудругото се разговарало за постапката која е во тек во ова обвинителство во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, во рамките на која се преземаат дејствија со цел испитување на сите околности, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.
„Во однос на другите прашања, се дискутираше и за новата Стратегија за развој на правосудниот систем 2023-2027 како и реформите кои ќе бидат опфатени со неа“, соопшти Министерството за правда. .
Обвинителот Абази го информираше министерот Лога дека е финализирана последната јавна набавка за уредување на новиот објект во кој наскоро ќе се пресели Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
„Во овој објект значително ќе бидат подобрени просторните услови за работа на јавните обвинители, а ќе биде опремена и современа форензичка лабараторија која значително ќе го олесни вештачењето на доказите. Координативни средби ќе продолжат да се одржуваат и во наредниот период“, соопшти Министерството за правда.