599
Загриженоста на Србија за плаќање на на гасот во рубли ќе биде приоритет за Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за плаќање на гасот во рубљи.
-Тоа е сосема нормално. Тој е во право. Ова навистина може да биде проблематична ситуација, затоа што во овој случај Бугарија презеде непријателски чекори кон нас. Затоа ќе мора да плаќа во рубли, сакала или не. Но, во исто време тоа не важи за Србија. Тоа е проблемот што треба да се реши. Секако дека грижата на Србија ќе ни биде приоритет, рече Песков, пренесе Танјуг.
Вучиќ синоќа изјави дека може да се очекуваат негативни ефекти поради воведувањето на плаќањата за гас во рубљи.