Кремљ: Украинскиот напад врз Русија е тероризам

by Fokus

Руските медиуми денеска јавуваат дека украинските сили влегле на руска територија во областа Брјанск, која на север граничи со Украина.

ТАСС пренесува дека „според последните информации влегле во две села“ и дека борбите се во тек.

Државната новинска агенција РИА Новости објави дека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на дневен брифинг за медиумите изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин го откажал планираното патување во Ставропол „поради ситуацијата во регионот Брјанск“.

Песков рече дека инцидентот е „терористички напад“.

Тврдењата не се независно потврдени. Украина веќе подолго време предупредува дека Кремљ планира да спроведе операции со лажни знамиња со цел да ја обвини Украина за ескалација на конфликтот.

Советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека Брјанск е „намерна провокација“ од Русија.

Михајло Подољак на Твитер напиша дека Руската Федерација „сака да го исплаши својот народ за да оправда напад врз друга земја“.

Поврзани новости