840
Кремљ денеска соопшти дека техничка грешка е причината за прекинот на преносот на говорот на рускиот претседател Владимир Путин на преполниот стадион во Москва по повод одбележувањето на осмата годишнина од анексијата на Крим.
Руската државна телевизија го прекина преносот од говорот на Путин во сред реченица. Откако Путин беше тргнат од кадарот, државната телевизија емитуваше кадар со патриотска музика.
Подоцна го емитуваше целиот говор, кој заврши неколку секунди по пресекот со тоа што Путин ја напушта сцената додека илјадници граѓани вееја руски знамиња на стадионот Лужники со капацитет од 80.000 луѓе.