Кремљ: Соработниците на Трамп зборуваат за мир, додека администрацијата на Бајден сака ескалација

by Fokus

Кремљ денеска објави дека соработниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп зборуваат за можен мировен план за Украина, додека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден сака да го ескалира украинскиот конфликт.

Мајк Волц, кандидатот на Трамп за советник за национална безбедност, во неделата рече дека новоизбраниот претседател на САД е многу загрижен поради ескалацијата на војната меѓу Русија и Украина и дека конфликтот мора да дојде до „одговорен крај“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин повеќепати изразил подготвеност за дијалог за Украина, пренесува Ројтерс.

„Зборовите „мир“ или „мировен план“ доаѓаат од кругот на поддржувачите на Трамп и оние што тој ги номинираше за идните позиции. Вакви зборови не се слушаат од актуелната администрација, додека продолжуваат провокативните акции. Ова е реалноста со која се соочуваме“, рече Песков.

Поврзани новости