Кремљ реагира: Влезот на Финска во НАТО е закана за Русија

by fokus

Кремљ денеска објави дека чекорот на Финска кон членство во НАТО е „дефинитивно закана за Русија“ и дека проширувањето на северноатлантскиот воен блок нема да го направи светот постабилен.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес конференција кажа дека чекорите што ги презема Финска кон НАТО се за жалење и причина за адекватен одговор, пренесуваат британските медиуми.

Финскиот претседател и премиер претходно денеска заедно изјавија дека земјата мора „без одлагање“ да бара членство во НАТО.

Поврзани новости