649
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва има „исклучително негативен“ став за можните нови американски санкции, вперени против врвот на руската влада и армија и клучните банкарски институции, доколку Русија ја нападне Украина.
Песков рече дека разговорите со претставниците на Западот оваа недела довеле до некои „позитивни нијанси“, но дека Москва сака конкретни резултати, а не нијанси, пренесува Ројтерс.
Санкциите против рускиот претседател Владимир Путин би значеле прекин на односите меѓу Москва и Вашингтон, оцени Песков, истакнувајќи дека предложените мерки „не придонесуваат за конструктивна атмосфера во преговорите“.