Руските трупи ќе ја напуштат Белорусија веднаш штом ќе ги завршат заедничките воени маневри таму, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– За оние од вас кои внимателно го следат ова, никој никогаш не рекол дека руските трупи ќе останат на белоруска територија, рече портпаролот, пренесува ДПА.
Шефот на Воениот комитет на Алијансата, адмирал Роб Бауер вчера изјави НАТО ја разгледува можноста за зголемено воено присуство во балтичките земји и Полска во случај Русија да ги задржи своите трупи во Белорусија по планираната воена вежба,
Во Белорусија, северниот сосед на Украина, Русија распореди 30.000 војници овој месец поради заеднички воени вежби, така што вкупниот број руски војници на границите на Украина во моментов е повеќе од 100.000.