Кремљ ја негира одговорноста за Краматорск: Пукаме само на воени цели

by Fokus

Кремљ објави дека во Украина гаѓаат само воени цели, по обвинувањата дека руски напад уништил ресторан во Краматорск на истокот на Украина, во кој загинаa или се ранети десетици луѓе.

„Русија не е насочена кон цивилна инфраструктура, таа ги погодува инсталациите поврзани на еден или друг начин со воената инфраструктура“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се ранети во руски напад синоќа кога беше погоден ресторан во Краматорск на истокот на Украина, соопшти утринава украинската служба за итни случаи.

Официјални лица соопштија дека во ракетниот напад биле оштетени неколку куќи, продавници, автомобили, неколку згради, вклучително и поштата.

Поврзани новости