Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков денеска ја оцени како уште една ескалација на тензиите изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за можноста нуклеарното оружје на Алијансата да се стави во состојба на готовност.
– Ова не е ништо друго туку уште една ескалација на тензиите – изјави Песков за новинарите, а пренесува РИА Новости.
Тој рече и дека изјавата на Столтенберг не се вклопува во контекстот на декларацијата на самитот во Швајцарија.
– Она што го кажа Столтенберг очигледно не се вклопува во контекстот на истата декларација што беше усвоена ден претходно и која не ја потпишаа сите. Зборува и, ако не се лажам, за неприфатливоста на таквата реторика – изјави Песков за новинарите.
Столтенберг претходно изјави дека НАТО размислува да го стави нуклеарното оружје во состојба на готовност, наведувајќи дека транспарентноста во тој случај е пречка.