Кремљ го смирува Кадиров околу нуклеарното оружје: Да се исклучат емоциите

by Фокус

Откако чеченскиот лидер Рамзан Кадиров јавно го критикува руското воено раководство за неговиот неуспех на бојното поле во Украина и побара Русија да користи „нуклеарно оружје со мала моќност оружје“ или ниска радиоактивност, од Кремљ одговорија дека се залагаат за урамнотежен, а не емоционален пристап кон нуклеарното оружје.

-Во тешки времиња треба да се исклучат емоциите. Претпочитаме да дадеме одмерена и објективна проценка на ситуацијата – им одговори Песков на новинарите, пофалувајќи го херојскиот придонес на Кадиров во вооружената офанзива во Украина.

Поврзани новости