Официјален Кремљ ја отфрли можноста за запирање на офанзивата против Украина и покрај повикот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„На темата Украина ништо не се менува, специјалната воена операција продолжува, бидејќи тоа е единственото средство за постигнување на целите со кои се соочува нашата земја денес“, изјави портпаролот Дмитриј Песков.
Тој прецизираше дека претседателот Путин следната недела ќе разговара со Лукашенко за примирјето предложено од негова страна.
„Русија не може да ја игнорира хипотетичката опасност што ѝ ја претставуваат повиците за распоредување нуклеарно оружје во Украина“, додаде Песков, коментирајќи ја петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ова е „многу опасен тренд“, нагласи Песков.