591
Наводното труење на рускиот милијардер Роман Абрамович за време на средбите во Киев со украински мировни преговарачи претходно овој месец, нема никаква врска со реалноста, тврди Кремљ.
Како што објави Би Би Си, Русија смета дека таквите наводи се дел од „информативната војна“.
Кремљ, исто така, соопшти дека Абрамович не е официјален член на руската делегација во Турција, иако е фотографиран на преговорите со Украина во Истанбул.