372
Кремљ денеска соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден го има клучот за завршување на конфликтот во Украина, со насочување кон Киев, но Вашингтон досега не сакаше да го искористи.
-Клучот на режимот во Киев е главно во рацете на Вашингтон, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во Москва, пренесе Хина.
„Сега гледаме дека сегашниот шеф на Белата куќа… не сака да го употреби овој клуч. Напротив, тој го избира патот за натамошно „впумпување“ оружје во Украина“, додаде Песков.