Кремљ: Бајден ги поткопува мировните планови на Трамп за ставање крај на војната во Украина

by Fokus

Москва ја обвини администрацијата во заминување на американскиот претседател Џо Бајден дека ги поткопува плановите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да стави крај на војната во Украина.

– Трамп за време на предизборната кампања зборуваше за желбата некако да се постигне мир и ги водеше сите кон мирно решение. И сега прават се што можат за да ја ескалираат ситуацијата на тој начин што мировните договори ќе бидат осудени на неуспех – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руската телевизија, во политичката емисија „Москва. Кремљ. Путин“.

Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, рече дека брзо ќе дејствува за да стави крај на војната меѓу Русија и Украина која трае повеќе од илјада дена.

Сепак, тој се уште не кажал никакви конкретни планови.

Песков рече дека администрацијата на Бајден покажала дека „ќе направат се за да не заврши оваа војна“ и дека сакаат да го ограничат Трамп и му се одмаздуваат за изборниот пораз.

Поврзани новости