600
Креаторот на страницата vaksajns.mk, која води до официјалната страница, vakcinacija.mk, Адил Бакиу, објави статус на својот Ферјсбук профил, во кој посочува дека е повикан во Полициската станица-Карпош.
-Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk. Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години, наведува Бакиу во неговата објава.
Денеска пак од Министерството за здравство информираа дека во МВР пријавиле упад во официјалната страница на министерството.