Креаторот на OpenAI обвинет за силување од неговата сестра

by Fokus

Сестрата на извршниот директор на OpenAI Сем Алтман, поднесе тужба обвинувајќи го нејзиниот брат за повеќегодишна сексуална злоупотреба од 1997 до 2006 година.

Според поднесокот, поднесен на 6 јануари во Окружниот суд на САД за Источниот округ Мисури, Ен Алтман тврди дека злоупотребата започнала кога имала три години, додека нејзиниот брат имал 12 години.

Самиот Алтман, заедно со неговата мајка и браќата, јавно ги отфрли сите наводи во изјавата на платформата X, нарекувајќи ги тврдењата „апсолутно лажни“. Во соопштението се истакнува: „Грижата за член на семејството со ментални здравствени предизвици е исклучително тешка. Оваа ситуација носи огромна болка за целото наше семејство“.

Ен Алтман во тужбата наведува дека злоставувањата вклучуваат силување и тврди дека последниот инцидент се случил кога таа била малолетна, а нејзиниот брат веќе бил полнолетен. Во тужбата се бара судење пред поротата и парична отштета поголема од 75.000 американски долари.

Самиот Алтман, познат по својата улога во технолошката индустрија, стана глобално препознатлив на крајот на 2022 година кога OpenAI го лансираше ChatGPT, револуционерен чет-бот базиран на вештачка интелигенција.

Поврзани новости