Кражба во Стопанска банка во Аеродром, украдени над 5.000 евра

by fokus

Во 08:45 часот било пријавено во полиција дека на булевар „Јане Сандански“ извршена е кражба во експозитура на Стопанска Банка, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР непознат сторител со закана со пиштол од вработените одзел пари. Се проценува дека кражбата е во вредност од околу 320.000 денари.

Веднаш потоа сторителот го напуштил местото на настанот, а од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости