Краток прекин на гласањето во Липково

by Frosina Fakova

Краток прекин на гласањето е регистрирано во Липково, во избирачко место во село Лојане поради неусогласување на сериските броеви на гласачките ливчиња, потврди портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

– Прекинот траел додека Избирачкиот одбор не проверил дали се на број, при што е констатирано дека има толку гласачки ливчиња колку што се запишани избирачи во Избирачкиот список. Целата оваа ситуација е констатирана во посебен записник. Таму гласањето е продолжено и тече непрекинато, појасни Шабани.

Досега до ДИК, како што информираШабани, не се доставени приговори

Поврзани новости