Кратки совети – како родителите да им помогнат на децата од основно училиште и на адолесцентите?

by fokus

И по една недела од крвавиот масакр што се случи во Србија, кога ученик од седмо одделение во основното училиште, „Владимир Рибрникар“ во центарот на Белград уби осуммина ученици и чуварот, не стивнуваат реакциите во јавноста. Експертите бараат одговори како едно навидум нормално дете изврши ваков масакр, а родителите бараат одговори како да се однесуваат со своите деца.

Психологот и психотерапевт, Ана Попризова од скопската гимназија „Орце Николов“ нуди кратки совети за родителите како да му помогнеме на детето од основно училиште, но и на адолесцентите.

Како може родителот да му помогне на дете од основно училиште?

  • Бидете стрпливи и дајте му време на вашето дете да се опорави
  • Слушајте го вашето дете секогаш кога сака да зборува за тешки настани
  • Не избегнувајте одговори на прашањата што ви ги поставува детето и не давајте нејасни одговори
  • Одговорете конкретно на неспецифични прашања
  • Ако детето има потреба да биде само и да плаче, пуштете го, но не го оставајте само во куќата премногу често, особено не навечер
  • Помогнете му да ја задоволи својата потреба за безбедност – бидете тука за него и организирајте заеднички активности
  • Погрижете се секојдневните активности се одвиваат на вообичаен начин
  • Погрижете се детето да спие доволно и да јаде разновидна храна
  • Прифатете ја можноста вашето дете да се однесува како да е неколку години помладо (поплачливо, сака да спие со вас и сл.)
  • Покажете му љубов почесто од порано » Не се лутете ако ви се чини дека детето станало дрско или непослушно
  • Не казнувајте го ако пропушти обврска за училишна лекција
  • Не обвинувајте го ако се намокри навечер или доаѓа во вашиот кревет
  • Изразувајте оптимистички очекувања за иднината
  • Охрабрете го да прави активности што вообичаено ги сака (спорт, цртање, слушање музика, техники за релаксација…).

Како може родителот  да му помогне на адлесцент?

  • Бидете трпеливи. Дајте му време на вашето дете да се опорави
  • Слушајте го вашето дете секогаш кога сака да зборува за тешки настани, дури и ако веќе знаете што се случило
  • Не го прекинувајте кога ви раскажува тешки настани и охрабрете го да зборува за вознемирувачки чувства
  • Покажете прифаќање –  дека е нормално дека тој се чувствува така, дека другите кои биле во слична ситуација се чувствуваат така, без разлика на возраста
  • Ако детето треба да биде само и да плаче, пуштете го, но не го оставајте сам во дома премногу често, особено не навечер
  • Погрижете се секојдневните активности да се одвиваат на вообичаен начин
  • Охрабрете го да ги практикува активностите што ги сака (спорт, цртање, слушање музика, техники за релаксација…)
  • Почитувајте ја потребата тој да ги сподели своите чувства со оние кои имале слични искуства, како и јасно и отворено да ги каже неговите потреби. Поддршката во овие случаи носи олеснување
  • Не се лутете ако ви се чини дека детето станало дрско или непослушно
  • Очекувајте да покаже раздразливост и лутина. Обидете се да ги предвидите ситуациите во кои тоа може да се случи, помогнете му да ги изрази своите чувства, да ја намали својата напнатост и да го контролира неговото однесување
  • Изразувајте оптимистички очекувања за иднината
  • Не избегнувајте да одговарате на поставените прашања и не давајте нејасни одговори. Одговорете конкретно на конкретни прашања
  • Најдете начини да му покажете на вашето дете дека го сакате
  • Не казнувајте го детето ако пропушти училишна задача
  • Бидете трпеливи со детето и со себе. Дајте му време на вашето семејство да се справи со она низ кое поминало
  • Остварете контакт со главниот наставник и заедно следете како вашето дете се справува со барањата на секојдневните активности
  • Погрижете се вашето дете да спие доволно и да јаде разновидна исхрана.

 НЕМА да му се помогнете на адолесцентот со:

  • Негирање дека имал тешко искуство, потиснување на непријатни чувства
  • Избегнување зборување за настанот
  • Брзање да се опорави, минимизирање на чувствата („Готово е, животот продолжува…“, „Не е ништо .. .“, „Не треба да се плашиш, не си веќе мал“). Детето тогаш може да има чувство дека не го разбирате
  • Потиснување и несподелување на вашите чувства и реакции.

Поврзани новости