Кралицата Елизабета денеска ќе го прославеше својот 97-ми роденден, а по тој повод кралското семејство објави досега невидени фотографии со нејзините внуци и правнуци, вклучувајќи ги Лејди Луиз Маунтбатен-Виндзор, Џејмс, Ерл од Весекс, Лена Тиндал, принцот Џорџ, Принцезата Шарлот, Исла Филипс, принцот Луис, Миа Тиндал, Лукас Тиндал и Савана Филипс.
View this post on Instagram
„Денес ќе беше 97-миот роденден на нејзиното покојно височество кралицата Елизабета. Оваа фотографија, на која е прикажана со некои од нејзините внуци и правнуци – е направена во Балморал, минатото лето“, се вели во натписот на објавата. Фотографијата ја направи принцезата од Велс – Кејт Мидлтон.
Кралицата Елизабета Втора беше најдолговечниот британски владетел и најстариот монарх во светот.
Пред да почине во септември минатата година, таа ја прослави својата 70-та година на тронот. Нејзиното место сега ќе го наследи нејзиниот син Чарлс, кој ќе биде крунисан за нов крал на 6 мај годинава.