Меган Маркл и принцот Хари минатиот петок ја крстиле својата ќерка Лилибет Дијана, дознава магазинот People. Церемонијата на крштевање се одржала на мала и интимна церемонија во Монтесито, Калифорнија.
„Можам да потврдам дека принцезата Лилибет Дијана е крстена во петокот, на 3 март, од надбискупот на Лос Анџелес“ – потврдил портпаролот на војводата и војвотката од Сасекс за споменатото списание.
Според изворот, Меган (41) и Хари (38) упатиле покана до кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, но тие не биле присутни. Изворот за People рекол дека на интимниот собир во петокот имало помеѓу 20 и 30 гости, вклучувајќи ја мајката на Меган, Дорија Рагланд, кумот на Лилибет, Тајлер Пери и неименувана кума. По церемонијата, присутните беа почестени со попладневен оброк и танцување.