На кралот Чарлс му е дијагностицирана форма на рак, соопшти Бакингемската палата.
Од палатата велат дека ракот не е поврзан со неодамнешниот третман на кралот за бенигна состојба на простата. Не е наведено каква форма на рак има 75-годишниот монарх.
Видот на ракот не е откриен, но според соопштението на палатата, кралот денеска почнал со „редовни третмани“.
Бакингемската палата вели дека кралот „останува целосно позитивен во однос на својот третман и со нетрпение очекува што е можно поскоро целосно да ѝ се врати на јавната должност“.
Тој ќе ги одложи јавните ангажмани и се очекува други високи членови на кралското семејство да го заменат за време на неговото лекување.
Не се споделени повеќе детали за стадиумот на ракот или за прогнозата, вели Би-би-си.
Иако ќе ги паузира јавните настани, кралот (75) ќе продолжи со својата уставна улога како шеф на државата.
Тој беше виден на црковна служба во Сандрингем во неделата, каде што ѝ мавташе на толпата.
Пред повеќе од една недела тој имаше операција на простата во приватна болница во Лондон.
Кралот одлучи да јавно да соопшти за својот третман за простата, со цел да охрабри повеќе мажи да направат проверки на простатата, соопшти тогаш палатата.
Беше речено дека бил воодушевен што ја кренал свеста за ова прашање, при што веб-страницата на британската здравствена служба извести за пораст на интересот за болестите на простатата.