743
Кралицата Елизабета е позитивна на Ковид-19, соопшти Бакингемската палата.
Британската кралица има „благи симптоми слични на настинка“, но се очекува да продолжи со „лесните обврски“ во Виндзор во текот на следната недела, соопшти палатата.
– Таа ќе продолжи да добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства, се додава во соопштението.
Кралицата (95) била во контакт со нејзиниот најстар син и наследник, принцот од Велс, кој минатата недела беше позитивен на тестот.
Би-Би-Си јави дека голем број луѓе биле позитивни на Ковид-19 во замокот Виндзор, каде што живее кралицата.