Кралицата Елизабета ќе плати дел од спогодбата на принцот за силување?

by fokus

Британската кралица Елизабета Втора наводно ќе плати дел од парите по спогодбата околу тужбата кон нејзиниот син – принцот Ендрју, објави британски „Телеграф“.

И покрај тоа што најави дека ќе се бори против обвиненијата за сексуална злоупотреба и постојано кажуваше дека е невин, Ендрју вчера се согласи да плати одредена сума пари за да го реши случајот пред тоа да стигне до поротата. Спогодбата би можела на крајот да чини и до 14,3 милиони евра.

Гласините говорат дека мајката на војводата од Јорк ќе помогне во подмирувањето на спогодбата договорена меѓу адвокатите на двете страни. Овој потег се смета за обид да се повлече линија на скандалот пред претстојните јубилејни прослави на кралицата годинава. Се говори и дека Ендрју нема да присуствува на прославите, пишува „Дејли мејл“.

Иако спогодбата не содржи формално признавање на одговорноста од страна на Ендрју, ниту извинување, тој сега вели дека прифаќа оти тужителката, г-ѓа Вирџнија Џуфре е жртва на злоупотреба и жали за неговата поврзаност со Џефри Епстин, кој е посочен како посредник за таа средба.

Поврзани новости